Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 32 лица биле приведени, , информира Министерството за внатрешни работи.
За мерката за задолжително носење заштитна маска пак, регистрирани се 255 прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од МВР соопштија дека извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката.
