Пожарот, како што вели Томевски, настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор

Седум пожарникари со две противпожарни возила интервенирале денеска во гаснење на пожар што избувнал во зграда на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.
Пожарот, како што вели командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски избувнал во стан што се наоѓал на петти кат во зграда што е во близина на зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.
Од пожарот нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.
Пожарот, како што вели Томевски, настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор.