Андоновска посочи дека од почетокот на сеозната се регистрирани четири смртни случаи, од кои последниот е од минатата недела, кога на Клиниката за пулмологија како последица на грип починала жена од над 65 години со коморбидитети
Од 24 февруари до 2 март годинава се пријавени 2 569 случаи на заболени од грип, што е за 15,4 отсто помалку во споредба со претходната недела кога имаше 3 035 регистрирани случаи, соопшти денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.
„Бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 отсто во споредба со последните 14 сезони. Значи во споредба со минатата недела имаме намалување, но во споредба со истата недела минатата сезона и изминатите 14 сезони ова време имаме пораст на регистрирани случаи“,
рече таа.

Според неа, најголем број на заболени има во Скопје – 515 случаи, Битола – 236, Куманово – 203, Струмица – 166, Гостивар 141 случаи, Тетово 137, Штип 137, Велес 135, Свети Николе 125, а во останатите градови бројот е под 100 случаи.
Возрасната дистрибуција покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години – 1 465 случаи.
„Оваа недела во Дебар, Кратово и Свети Николе е регистрирана многу висока активност на вирусот“,
вели Андоновска.
Вкупниот број на случаи на грип ова асезона изнесува 19 944, што е згоелмување од 49 отсто во споредба со минатата сезона.
Андоновска посочи дека од почетокот на сеозната се регистрирани четири смртни случаи, од кои последниот е од минатата недела, кога на Клиниката за пулмологија како последица на грип починала жена од над 65 години со коморбидитети.
Според ИЈЗ, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.