Францускиот претседател за вечерва најави и обраќање до нацијата, кое е во очи на утрешниот самит на лидерите на ЕУ посветен на одбраната на Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон размислува за заедничка посета на Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер.

Ова денеска го соопшти портпаролката на владата на Франција, не изнесувајќи дополнителни детали.
„Се разговара дека претседателот Емануел Макрон би можел повторно да замине во Вашингтон со претседателот Зеленски и неговиот британски колега“,
изјави портпаролката на француската влада, Софи Примас.
Францускиот претседател за вечерва најави обраќање до нацијата, кое е во очи на утрешниот самит на лидерите на ЕУ посветен на одбраната на Украина.
„Во овој момент на неизвесност, кога светот е соочен со големи предизвици, вечерва ќе ви се обратам“,
најави Макрон во објава на својот профил на Икс.
Франција и Велика Британија го предводат одговорот на Европа на дипломатската криза меѓу САД и Украина, по неуспешните разговори меѓу Трамп и Зеленски минатиот петок.