ВМРО-ДПМНЕ бара санкции за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за фотографијата што осамна на социјалните мрежи, а на која се гледа како тој пазарува во продавница без заштитна опрема.

Од опозицијата обвинија дека на овој начин тој промовира беззаконие и побараа одговорност.
„Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие. Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот? Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
