Опозициските пратеници запалија црвени димни бомби, додека во салата можеше да се забележи и црн и бел чад. Тие, исто така, развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме
Во парламентот на Србија, по усвојувањето на дневниот ред, околу 11:15 часот дојде до судир и фрлање димни бомби, поради што набрзо целата сала беше обвиена во чад.
Опозициските пратеници запалија црвени димни бомби, додека во салата можеше да се забележи и црн и бел чад. Тие, исто така, развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме.
Собраниската сала беше полна со чад, а за време на инцидентот низ просторијата летаа и јајца.
U Skupštini je došlo do guranja u prostoru ispred predsednice, a tu je i dim.#Skupština pic.twitter.com/JnN28K8FUC
— Otvoreni Parlament (@O_Parlament) March 4, 2025
Сè започна кога пратениците од опозицијата развиорија транспарент со натпис „Србија се крева за да падне режимот“. Претставниците на владејачкото мнозинство ѝ одговорија на опозицијата со извици „Усташи“ и вееја српски знамиња. Дојде до меѓусебно гаѓање со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во главата. Салата, како што може да се види од снимките, беше полна со чад.
Една пратеничка превезена со брза помош
„Ќе победат работата и борбата. Добро е што ги покажавте вашите вистински бои. Сакате да дојдете на власт со солзавец“,
рече Ана Брнабиќ додавајќи дека една пратеничка на СНС, Јасмина Обрадовиќ, била погодена во главата и била пренесена со брза помош.
Брнабиќ ги обвини опозициските пратеници нарекувајќи ги „миленичињата на Албин Курти“.
„Можете само да нè убиете ако сакате да нè спречите да работиме. Можевте да ги однесете јајцата на некое семејство наместо да ги фрлате во беспомошност и ароганција“,
рече таа обраќајќи ѝ се на опозицијата.
OVA SKUPŠTINA će nastaviti da radi pic.twitter.com/j7fUUm9O2o
— Jovana Polic (@JovanaPolic) March 4, 2025
Десетици полицајци во цивилна облека во фоајето на Собранието
Откако пратениците од опозицијата фрлија димни бомби во собраниската сала, десетици полицајци во цивилна облека, припадници на Единицата за безбедност, пристигнаа во фоајето на зградата.
Новинарите не беа пуштени во салата, додека седницата е прекината, а мирисот на чад се чувствува низ зградата предизвикувајќи иритација на носот и очите, пренесува Нова.рс. Дел од претставниците на опозицијата ја напуштија собраниската сала.
Počeo je pretres. Prvi je reč dobio ministar Vulin.#Skupština pic.twitter.com/6QhlEgi75m
— Otvoreni Parlament (@O_Parlament) March 4, 2025
MILOČAJ!!! ⛽️ pic.twitter.com/HDzgMVAbEo
— Djordje Stanković (@djordjes89) March 4, 2025