Откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека е точно дека имал разговор со надлежно лице вработено во Министерството за внатрешни работи со цел, како што рече, побрзо да се решел случајот со снимките од фитнес-салата, со реакција излегоа од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Целата небулоза вчера отвори неколку прашања: Дали Мицкоски сака да воспостави нова пракса во МВР, и да ја претвори во кол центар каде секој ќе се јавува за својот случај или само демонстрираше дека тој е посебен, над другите и може да се јавува каде сака?Зошто Министерот дал број на вработен на партиски лидер и дали ако некој граѓанин му се јави ќе добие број од некој кој му го води случајот? Дали за министерот, неговиот партиски шеф е над другите граѓани? Дали ракавиците во случајот Теретана се од отсјајот, обоени или само се прекршени мерките за заштита од Ковид 19? Ова однесување е само уште еден доказ дека Мицкоски треба да си оди“,
се вели во нивното соопштение.
Од таму велат дека ваквото однесување не прилега за лидер на партија и го повикаа Мицкоски на ТВ дуел.
