РКЕ, според ИНРМ, има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија, а отчитувањето на струјомерите мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите други категории на приклучоци во тарифниот систем за дистрибуција
Да се воведе задолжително месечно отчитување на струјомерите, бараат од „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ).

Оттаму велат дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да изврши измена на правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата.
„Со воведување на блок-тарифите на 1 јуни 2022 година РКЕ изврши измена на правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена е резултат на многубројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување што не соодветствува со реалната потрошувачка“,
велат од „Инженери на Македонија“.
РКЕ, според ИНРМ, има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија.
„Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите останати категории на приклучоци во тарифниот систем за дистрибуција“,
пишува во соопштението.
Продажбата на дистрибутивната мрежа на ЕВН, како што посочија, е мотивирана од потребата за модернизација и инвестиции, вклучувајќи воведување дигитални броила со автоматско и далечинско отчитување.
Тоа, како што велат, требаше да обезбеди месечно фактурирање според реалната потрошувачка, намалување на грешките и подобрување на наплатата.