Во Скопје, исто така, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд и умерен, а во делови од Скопската Котлина и повремено засилен ветер од северен правец
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои во текот на денот наместа ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврнат и до 15 литри на квадратен метар воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во попладневните и ноќните часови кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северозападните делови од земјата, се очекува да провејува повремен снег. Дождливото време ќе биде проследено со слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието и повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до осум, а максималната дневна ќе достигне од три до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд и умерен ,а во делови од Скопската Котлина и повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 11 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре се очекува стабилизирање на временската состојба и ќе преовладува претежно сончево време, со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.