За работењето надвор од канцелариски услови се залага и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која предлага четиридневна работна недела со цел да се зајакне домашниот туризам во земјата.
„Слушам многу луѓе кои предлагаат да имаме четиридневна работна недела. Тоа може да функционира меѓу работодавците и вработените. Но, како што реков, многу научивме за ковид, дури и од флексибилноста на луѓето кои работат од дома може да се извлече продуктивност“,
рече Ардерн во видеообраќање на социјалните мрежи.
Како што пишува Би-би-би, многумина работодавци бараат нови начини на работа по состојбата со коронавирусот во светот. Но, тие нови начини може да станат применливи и во иднина кога пандемијата ќе заврши.
Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, пред своите вработени соопшти дека од јули „агресивно се отвора кон далечинско вработување“. Тој очекува половина од работната сила да ги заврши своите работни обврски надвор од канцелариите на „Фејсбук“ во текот на следните пет до 10 години.
Вакви потези се најавуваат и од други фирми во Силиконската Долина, вклучувајќи го и „Твитер“, кој им соопшти на своите вработени дека можат засекогаш да работат од дома, доколку сакаат.