Националниот музеј на Чешка в понеделник ќе отвори изложба на маски кои се носат за заштита од зараза со ковид-19, пишува Ројтерс.
Ќе бидат прикажани маски кои ги испратиле граѓаните, а меѓу нив ќе има и такви со традиционални народни мотиви, забавни дезени и со националното знаме.

Чешка беше една од првите земји која воведе задолжително носење маски, а отворањето на изложбата доаѓа паралелно со попуштањето на мерките од страна на владата. Маските повеќе нема да бидат задолжителни на отворено, но ќе мора се носат во јавниот превоз и во затворени јавни простории.