Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 3 февруари 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ
Со новиот генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, разговараме за активностите на раководството за реорганизирање на партијата по тешкиот пораз на ланските парламентарни избори, следниот голем предизвик – локалните избори наесен, што ќе биде успех за СДСМ на тие избори и со кои какви кадри и програма ќе настапат. Зошто левицата е во криза на глобално ниво, што беа главните причини за изборниот дебакл на СДСМ, колку е искрено дистанцирањето од ДУИ, се исто така прашања за Димитријевиќ. Ги отвораме и случајот со загинувањето на Фросина Кулакова, проблематичниот настап на Мирослав Додик во Скопје и поддршката од СДСМ за предлог-составот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за кој дојде критика од Здружението на новинарите на Македонија.