„Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1:10 часот на 01.02.2025 година, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа десет километри источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5“, се вели во соопштението

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека е почувствуван земјотрес со епицентар на десет километри источно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван во раните утринско часови и бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1:10 часот на 01.02.2025 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа десет километри источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала“,
се вели во соопштението.