Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Исто така, регистрирани се и 81 прекршок на мерката за задолжително носење лична заштита на лице.
За последните 24 часа, на 210 лица во земјава им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. При контролите кај лица во изолација и самоизолација, полициските службеници утврдило дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација.
