Но, и покрај тоа, претседателот Жаир Болонаро не е загрижен. Тој за ковид-19 вели дека е мала настинка и ја обвини Кина за создавање хистерија
Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани речиси 20 000 нови случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден број заболени лица за едно деноноќие во таа земја.
Потврдени се и 888 нови смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Досега во Бразил вкупно заразени со ковид-19 се 293 357 луѓе, од кои 18 894 лица починаа, со што оваа земја е на трето место во светот, веднаш зад САД и Русија.
Бројот на случаи со коронавирус во оваа јужноамериканска држава нагло расте, а фотографиите со масовните гробници во Махаус и Сао Паоло го обиколија светот.

Но и покрај тоа претседателот Жаир Болонаро не е загрижен. Тој за ковид-19 вели дека е мала настинка и ја обвини Кина за создавање хистерија.

Верува дека пандемијата е оркестрирана со цел да му се нанесе штета на американскиот претседател Доналд Трамп. За таа цел беше и неговата посета на САД во март, за да го потврди овие свои ставови, но по враќањето тој беше позитивен на коронавирус.

Неговата администрација вчера ја одобри употребата на хлорокин, лек против маларија, кој неговиот американски колега Трамп го промовираше како терапија за новиот коронавирус.
Болсонаро, кој е поранешен спортист ги игнорира советите од СЗО и на здравствените власти во земјата за физичко растојание.