Шпанската влада успеа да обезбеди ново продолжување на вонредната состојба за период од две недели – до 7 јуни.
Предлогот на владата го поддржаа 177 пратеници, против беа 161, а 11 воздржани.
Ова е петто продолжување на вонредната состојба, а веројатно нема да биде и последно бидејќи според владата најави дека ќе биде потребно уште едно продолжување од две недели, пред сè, поради враќање на здравствениот систем во надлежност на 17-те шпански региони кој сега е централизиран.
Во Шпанија од ковид-19, според „Ворлдометар“, досега се дијагностицирани 279 524 случаи со ковид-19, починаа 27 888 лица, а излекувани се 196 958.
Рестриктивините мерки ќе останат на сила, како што се ограничувањата за патувања од еден во друг регион, а ќе останат затворени и малите продавници во Мадрид и Барселона како градови кои се најпогодени од вирусот.
Поради бавното попушање на рестрикциите пред неколку дена во Мадрид се одржаа и протести.