Болниците се подготвуваат да почнат да примаат редовни пациенти, чии прегледи и интервенции беа одложувани поради ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче вели во тек се подготовките на терен и се прават списоци од пациенти кои се на листите на чекање.
„Сѐ уште се спремаат капацитетите поради тоа што сѐ уште добар дел од јавноздравствените установи работат по системот на пауза по една до две недели, штедејќи го медицинскиот персонал. Очигледно дека тој притисок во болниците сериозно попушта и вистински интензивно ние го избегнавме тоа. Веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат и редовните програми, направени се списоци на пациенти и интервенции што беа одложувани“,
рече Филипче.
Филипче појасни дека пациентите ќе се примаат според однапред утврдените протоколи, во координација со системот за закажување „Мој термин“.
„Новиот протокол значи дека прегледите ќе траат нешто повеќе за да се избегнат метежите во амбулантите и сето тоа веројатно ќе почна да биде во функционира од следната недела“,
изјави Филипче.
