УХМР за денеска во вечерните и ноќните часови најавува дека на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
За одредени места дури најавуваат и град, но температурите и натаму остануваат високи – од 25 до 31 степен.
За утре се предвидува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер.
Врнежи од дожд ќе има особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од петок, пак, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.
