Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Милановиќ во вториот круг влезе со 49,1 отсто освоени гласови, Приморац со 19,35 отсто
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во седум часот и ќе трае до 19 часот, до кога е изборниот молк.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП) и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35 отсто од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност. Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.