Официјални лица изјавија дека сè уште не е утврдена точната причина за несреќата. Првичните извештаи укажуваат на тоа дека несреќата се случила кога еден од трамваите се нашол на погрешна шина, по што се судрил со трамвај кој во моментот не бил во движење
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, на истокот на Франција.

Трамваите се судриле во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција, надвор од Париз. Официјални лица изјавија дека сè уште не е утврдена точната причина за несреќата.
Првичните извештаи укажуваат на тоа дека несреќата се случила кога еден од трамваите се нашол на погрешна шина, по што се судрил со трамвај кој во моментот не бил во движење. Во трамваите имало околу сто луѓе.
Прелиминарната проценка укажува на 20 повредени во несреќата, но нивниот број може да биде поголем.
Противпожарната и спасувачката служба објавија дека местото на несреќата се мобилизирани многубројни ресурси, вклучително и 130 пожарникари.
Градоначалничката на Стразбур, Жан Барсегјан, се заблагодари за мобилизацијата на службите.
„Јас сум на станицата, заедно со повредените и спасувачите. Им благодарам за нивната мобилизација“,
напиша Барсегјан во објава на Икс.
Accident de tram à Strasbourg : Je suis à la gare, aux côtés des blessés et des secouristes. Je les remercie pour leur mobilisation.
— Jeanne Barseghian (@JeanneBarsegh) January 11, 2025
