Со 61 глас „за“, вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица

Според ЗНАМ – За наша Македонија, која е дел од владината коалиција, пратеничката Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади во Собранието.
„Сосема е нејасно на што се темели соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието, на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок“,
реагира ЗНАМ.
Оттаму очекуваат опозицијата в понеделник да предложи нов кандидат за оваа позиција, со оглед на тоа што Даути е дел од „Европскиот фронт“.
Со 61 глас „за“, вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица.
- Со 61 глас „за“ Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Даути што ја поднесе Левица
- И по интерпелацијата на Илире Даути со Комисијата за социјална политика повторно треба да претседава пратеник од „Европскиот фронт“
- Илире Даути останува претседателка на собраниската Комисија, интерпелацијата нема правно дејство – велат од кабинетот на Гаши
Веднаш потоа кабинетот на претседателот на Собранието соопшти дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
Како што посочија од кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“.
