Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд и снег на пониските места, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утринава и претпладневните часови. На повисоките места и планините ќе врне снег. Се очекува да дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.
