Пандемијата со ковид-19 ги осуети плановите за масевен собир во септември во Њујорк, кога ќе се одбележат 75 години од формирањето на светската организација
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предлага годинава, поради пандемијата со ковид-19, драстично да се намали бројката на присутни на Генералното собрание на светската организација во Њујорк, што вообичаено се одржува кон крајот на септември.
Тој предлага шефовите на држави и влади да одржат говори однапред подготвени и во салата на Генералното собрание во Њујорк да има само по еден дипломат од секоја од 193 земји членки на ОН.
Собирот на светските лидери во Њујорк обично собира илјадници учесници во период подолг од една недела, кога се одржуваат говори, приеми, билатерални состаноци…
Оваа година, се очекуваше голем број светски лидери да пристигнат во седиштето на ОН за да ја прослават 75-годишнината на светската организација.