Новогодишната програма започна во 19:30 часот со настап на Сара Мејс, по што ќе настапат групите „Љубојна“ и „Ареа“, а Новата година ќе биде дочекана со настапот на музичката група „Нокаут“
Скопје е подготвено за дочек на Новата година. На плоштадот „Македонија“ вечерва ќе се одржи музички настан насловен како „Празнична магија“ во организација на Град Скопје.

Новогодишната програма започна во 19:30 часот со настап на Сара Мејс, по што ќе настапат групите „Љубојна“ и „Ареа“, а Новата година ќе биде дочекана со настапот на музичката група „Нокаут“.
Дочек на Новата година организира и скопската општина Кисела Вода, каде е предвидено да има музичка програма пред салата „Расадник“, каде што ќе настапат „Куку Леле“, ДНК, Врчак и Влатко Лозановски.
Новогодишна програма организира и општина Шуто Оризари.