Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 23 декември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи
Во екот на неколку настани што ја засегаат Демократска унија за интеграција (ДУИ), а пред се по отворањето истрага, бегството и впишувањето на американската „црна листа“ на ексвицепремиерот Артан Груби, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и поранешен министер во неколку влади. Некои од прашањата до него се дали има информација каде е Груби, дали има и друго државјанство, зошто би бегал ако е „чист како солза“, зошто лидерот Али Ахмети не сакаше да ги види сигналите дека треба да го дистанцира Груби, како ова ќе се одрази на рејтингот на партијата… Теми во разговорот се и барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, реакциите на иницијативите за оценување на уставноста на делови од Законот за употреба на јазиците, стагнацијата во евроинтеграциите и намерата на новата власт да врати девет амбасадори поради тоа што биле пратени без да ги претстават тезите во собраниската Комисија за надворешна политика.