Засега нема информации како била предизвикана незгодата и дали има повредени
Сообраќајот на патот Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од ЈП „Македонија пат“, пренесува МИА.

„Од 14:15 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен-Охрид, преку планинскиот превој Буково, сообраќајот е во прекин“,
информираат од Диспечерскиот центар на ЈП „Македонски пат“.
Засега нема информации како била предизвикана незгодата и дали има повредени.