Хрватите можат без посебни процедури слободно да влегуваат во Словенија и за тоа да ги користат сите гранични премини кои се повторно отворени.
Ваква одлука донесе владата по препорака на Националниот институт за јавно здравје која утврди дека Словенија и Хрватска имаат слична епидемиолошка слика и дека двете држави успешно се справуваат со епидемијата на новиот коронавирус.
Од минатата недела Хрватска дозволи и словенечките граѓани да можат да влегуваат во земјата, а први тоа го направија оние што имаат имот во соседната земја.
Словенија на 14 мај прогласи крај на епидемијата со ковид-19 и го укина 14-дневниот карантин по влез во земјата.
Ова одлука, која беше во сила од средината на март, е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од држави што не се дел од ЕУ.