Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 19 декември 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– ДКСК пред одлука дали вонредното унапредување и поставувањето на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армија биле законски; „Досега нема документи кои имаат степен на класификација, што значи дека нема да бидеме попречени во носење на одлука и без поседување безбедносни сертификати“, вели претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска;
– Собранието разреши двајца, а Владата предлага разрешување на уште двајца од седум члена на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ); претседателот на РКЕ порачува дека ако парламентот ги разреши и другите двајца, Комисијата ќе биде блокирана;
– Истражување на ЦГК – општините трошат над милион евра годишно на забавни манифестации и пејачи без јасни критериуми; може ли нешто да се смени;
– Додека се чека одлуката на Уставен за законот за јазици, Агенцијата за примена на албанскиот и Инспекторатот не можат да функционираат во полн капацитет;
– „Саботажа“.