Во скопското село Кондово полицијата синоќа привела 28-годишник од Скопје бидејќи им се заканувал со пиштол.
Настанот се случил за време на полицискиот час, во 21:30 часот.
Момчето му се заканувало со пиштол по животот на еден од полицајците, по што се обидело да го напушти местото, но полицијата го привела.
Од МВР најавуваат кривична пријава против него.
