Полициски службеници биле нападнати со секири по интервенција во дворно место во Кочани, поради пријава за гласна музика.
Во текот на вчерашниот ден нешто пред полноќ полициските службеници извршиле контрола по претходна пријава во дворот на Б.А. (25) на улицата „Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани.
При интервенцијата ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с. Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика.
„М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.
