Тројца починати, 25 новодијагностицирани случаи со коронавирус и 8 оздравени е билансот со ковид-19 во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 60-годишна пациентка од Куманово, хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 Септември“ починаа двајца пациенти, 59-годишен маж од Струга, примен пред два дена и 51-годишен пациент од Скопје хоспитализиран на 4 мај.
Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, од кои 7 во Скопје и еден во Прилеп.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 16, Тетово – 4, во Велес и Охрид по два и еден во Струга.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 817, бројката на оздравени пациенти е 1 301, досега починаа 104 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Случаи со ковид-19 досега има регистрирано во 30 града и тоа:
• Скопје – 628, активни 152
• Куманово – 416, активни 31
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 36, активни 2
• Прилеп – 200, активни 63
• Тетово – 147, активни 79
• Струга – 70, активни 4
• Велес – 121, активни 50
• Битола – 27, активни 8
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 1
Направените 286 теста се преку: ИЈЗ – 165, во „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 3, „Систина“ со PCR-метода – 18 и МАНУ -100.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
Досега во земјата се направени вкупно 21 722 тестирања на ковид-19.
*Поврзани вести
МЗ: Хоспитализирани 126 пациенти со ковид-19, 8 се на респиратор
Лице од поширокото обезбедување на претседателот Пендаровски позитивно на ковид-19
ИЈЗ за ковид-19: Куманово, Прилеп, Дебар, Велес и Струга со најмногу заразени по број на жители
Од 247 заразени здравствени работници, досега излекувани се 226
Од 581 тестиран во градинките, само еден е позитивен на ковид-19
