Во текот на изминатото деноноќие 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што соопшти денеска МВР, мерката за носење лична заштита на лице ја прекршиле 37 лица.
За последните 24 часа, на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 потпишале изјави за самоизолација.
При извршени контроли од страна на полициските службеници, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
