Денеска ќе се одржи 73. Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата со ковид-19.
Поради пандемијата на коронавирусот, Собранието ќе се одржи со скратена агенда и преку видеоврска.
На седницата се очекува да биде усвоена резолуција во која ќе се нагласи потребата од непристрасна, независна и сеопфатна проценка на меѓународната реакција на пандемијата.
Во новиот извештај на СЗО се вели, меѓу другото, дека од 2000 до 2016 година очекуваното траење на квалитетен, здрав живот било глобално продолжено за осум проценти – од 59 на 63 години, но се забележува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе го забави тој добар тренд.