Во Скопје се очекува утринската температура да се спушти до минус шест степени, а преку ден да достигне до 10 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И во главниот град ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

Утрото ќе биде ведро и студено, а по одделени котлини ќе има појава на магла.
Утринските температури ќе се движат од минус 3 до минус 10 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува утринската температура да се спушти до минус 6 степени, а преку ден да достигне до 10 степени.
И следните денови времето ќе биде стабилно и тивко, со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во петок се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.