„Ако ја погледнеме статистиката, ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа. А што се случува потоа? Цената од година во година расте, за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават-час, а во 2024 година 133 евра за мегават-час“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски

Криминалното и недомаќинско работење на СДСМ и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со Елекрани на Северна Македонија (ЕСМ), резултираше со поскапа струја за граѓаните седум години по ред и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој рече дека сега просечната производствена цена на еден мегават-час струја во РЕК „Битола“ е 133 евра, а во 2017 година, кога со ЕСМ раководел актуелниот премиер Христијан Мицкоски, просечната производствена цена на еден мегават-час била 33 евра.
„Зошто е тоа така? Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа. А што се случува потоа? Цената од година во година расте, за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават-час, а во 2024 година 133 евра за мегават-час. Растот на цената е причинет од некопањето на сопствен јаглен и скапиот увозен јаглен. Бизнис-интересот на СДС и ДУИ сега го плаќаме сите ние“,
рече Петрушевски.
Според Петрушевски, цената на произведен мегават-час струја може да се намали, а раководството на ЕСМ веќе работи на тоа.
„Последиците кои СДС и ДУИ ги причинија уште некое време ќе се чувствуваат. Набргу од денес ЕСМ ќе биде целосно консолидирана и вратена во нормала, а производствената струја повторно ќе биде по далеку пониски цени од времето на СДС и ДУИ“,
рече тој.
