Како што објавија српските медиуми, несреќата се случила поради обилните врнежи од снег што го отежнале сообраќајот. Автобусот се излизгал и удрил во заштитната банкина. За среќа нема повредени патници, но причинета е значителна материјална штета

Автобус од Македонија синоќа имал сообраќајна несреќа што се случила на автопатот А5 во близина на Појате, Србија.
Како што објавија српските медиуми, несреќата се случила поради обилните врнежи од снег што го отежнале сообраќајот. Автобусот се излизгал и удрил во заштитната банкина.

За среќа нема повредени патници, но причинета е значителна материјална штета. Надлежните служби интервенирале на местото каде што се случила несреќата што не предизвикала поголем застој во сообраќајот.
Снежно невреме вчера ја зафати соседна Србија. Прво имаше пад на температурите, а дождот во текот на попладневните часови премина во снег. Во текот на ноќта наместа се формирала снежна покривка од пет до 10 сантиметри. На планините се очекува да наврнат над 20 сантиметри снег.
