Денешниот 17 мај-Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, ЛГБТИ заедницата во Македонија го прославува со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
Кампањата вклучува лични пораки од луѓе од ЛГБТИ заедницата кои зборуваат за своето „излегување од плакар“-познато како coming out, аутирање.

„Оваа кампања има за цел да даде акцент на значењето на видливоста на ЛГБТИ заедницата преку индивидуалните животни искуства при овој процес и што значи тоа не само како еден од најтешките лични процеси и искуства, но и во пошироки социо-политички рамки. Животите на луѓето од ЛГБТИ заедницата заслужуваат еднаквост и еднакви можности“,
велат од ЛГБТИ мрежата.
Видливоста на ЛГБТИ луѓето, велат оттаму, значи отпор, отпор спрема стравот, срамот, репресијата која е наметната и воспоставена во сите сегменти од животот.

Оттаму, преку плакати на социјалните мрежи ги споделуваат лични пораки порачувајќи дека и нивните приказни се важни и ќе бидат уште погласни и повидливи во барањата за еднаквост, почит и достоинство.

*Поврзани вести:
Жбогар: Идните членки треба да го следат примерот на ЕУ за еднаквост на ЛГБТИ лицата
Пендаровски: ЛГБТИ лицата се во незавидна положба, многу од нив живеат во страв
