Како резултат на благодарност поради посветеноста во битката со коронавирусот, премиерот Оливер Спасовски најави награди за здравствените работници.
„Докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на Институтот за јавно здравје и на Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимови од итната медицинска помош ќе добијат 20 проценти повисока плата за два месеца, која ќе биде исплатена преку домашната платежна картичка“,
соопшти Спасовски.
Наградата тој ја објави на прес-конференцијата на која го презентираше третиот пакет економски мерки.
