Вкупно 125 пациенти во моментов се наоѓаат на лекување од ковид-19 во болиците во државава, од кои 8 се на респиратор, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие на Инфективната клиника се примени шест пациенти, од кои четворица се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов на Инфективна се хоспитализирани вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се двајца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
