Александар Кржаловски, аналитичар и прв извршен директор на невладината МЦМС во дебата на „360 Степени“, ги кажа своите предвидувања за претстојните избори доколку се одржат до крајот на јуни.
„Многу слично на претходните избори, плус-минус еден, два, до три пратеници за едната или другата партија. Од декември не сме нарачале ново мерење на рејтинзите па немам попрецизна информација како сега стојат работите, но од тоа што следиме, тука се, во рамките на таа статистичка грешка од 3% плус или минус“,
вели Кржаловски.
Тој вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ има победа со мала предност, Мицкоски ќе има проблем да состави Влада како што имаше и Груевски на претходните избори и дека очекува да не успее да ја состави.
Кржаловски очекува да има неколку пратеници од помали партии кои ќе се вмешаат во калкулациите за составување на нова Влада, споменувајќи ја Левица со 1,8 или 1,9% на последните анкети што може да резултира со 2 или 3 пратеници, зависно од тоа како ќе бидат распоредени.
