Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.
„Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видеонадзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“,
велат од ОЈО Скопје.
Според МВР вчера, 01.11.2024, околу 19 часот од Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С. А. и А. А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „ауди“.