Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (31 октомври 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– По сомнежите за валидноста на сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, бевме во Пловдив за да провериме дали постои јазично училиште „Јулија“ лиценцирано за ТОЕФЛ-тестирања и сертификати;
– Јавното обвинителство отвора предистражна постапка за сертификатот на Бојан Христовски по анонимна кривична пријава;
– Двајца македонски адвокати може да останат без лиценците зашто со српски колега основале Здружение на адвокати на Отворен Балкан;
– Изградбата на погон за производство на алуминиумски одливци на територија на општина Ново Село го вклучи алармот кај дел од општинските советници, кои се сомневаат и во можен судир на интереси на градоначалникот; тој ги отфрла обвинувањата и веќе поднел тужби за клевета;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.