„Откако Мицкоски ја киднапираше АНБ, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата ‘Јулија ЦО ЛТД’ од Пловдив, Бугарија. Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени“, посочуваат од СДСМ
Скандалот со поставувањето директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) станува сè поголем, реагираат од опозицискиот СДСМ од каде што го повикаа Јавното обвинителство да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Бојан Христовски.
„Откако Мицкоски ја киднапираше АНБ, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата ‘Јулија ЦО ЛТД’ од Пловдив, Бугарија. Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени. Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?“,
прашуваат од СДСМ.
Од најголемата опозициска партија го повикаа министерот Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните, како и Јавното обвинителство да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски.
Како што објави „360 степени“, две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор од по четири години на почетокот на месецов бидејќи кога конкурирале за позицијата, како доказ за познавање на англиски јазик, приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е истото правно лице од каде што потекнува и ТОЕФЛ-сертификатот на неодамна избраниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
И двете обвинети признале вина кога предметот стигнал на суд, па на рочиштето не се изведувани докази за тоа како стигнале до сертификатите. Но, јасно е како двете стигнале на обвинителна клупа.
На 14 февруари Министерството за внатрешни работи предводено од Панче Тошковски, тогаш како министер во техничката влада, соопшти дека Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина. Во соопштението на МВР понатаму се вели:
„Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с. Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето.
На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар“.
Врз основа на доказите и кривичната пријава од МВР, ОЈО Скопје формира предмет кој бргу напредува до обвинение. Обвинетите решаваат да признаат вина штом предметот стигнува пред Основниот кривичен суд Скопје и се осудени на по две години казна затвор, со тоа што таа казна нема да се изврши доколку не сторат друго кривично дело во следните четири години од правосилноста на пресудата.
