Во изминатите 24 часа во земјава како последица на ковид-19 починаа две лица, има 17 новодијагностицирани заразени и 16 оздравени лица, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89 г.), хоспитализиран од 4 мај, а во денешниот црн биланс е вклучен и пациент од Велес (72 г.) кој на 13 мај починал во ГОБ „8 Септември“ .
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, при што потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 во шест града и тоа во: Скопје – 3, Тетово – 6, Прилеп – 3, во Куманово и Велес по двајца 2 и во Битола 1 нов случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 2, Велес – 1.
Со тоа, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 740, бројката на оздравени пациенти е 1 251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Досега случаи на ковид-19 се регистрирани во 29 града и тоа:
• Скопје – 592, активни 134
• Куманово – 413, активни 43
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 1
• Прилеп – 193, активни 63
• Тетово – 131, активни 68
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 113, активни 49
• Битола – 26, активни 7
• Охрид – 17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активни 1
Во изминатите 24 часа, направените се 460 теста преку: ИЈЗ – 257, Ветеринарен факултет – 14, „Авицена“ – 8, „Биотек“ -20, „Филип Втори“ (Жан Митрев) –33, „Систина“ со PCR-метода – 19 и МАНУ – 109.
Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките.
Досега во земјата се направени вкупно 20 548 тестирања на ковид-19.
