„Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар и ќе чини 69 денари за литар“, се вели во соопштението од РКЕ
Од полноќ дизел-горивата поскапуваат за половина, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар и ќе чини 69 денари за литар“,
се вели во соопштението од РКЕ.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 77, односно 79 денари за литар.
Како што информира РКЕ, за 1 360 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 43,933 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,588 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 0,862 отсто, кај екстра лесното масло за 0,267 и кај мазутот за 2,909 отсто.
