Според првичните информации на полициските службеници што се на местото на настанот, еден малолетник употребил огнено оружје, а во пукотницата во пределот на ногата е повреден друг малолетник
Во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево утрово со огнено оружје е повреден еден ученик, информира босанскиот медиум „Н1“.

Според првичните информации на полициските службеници што се на местото на настанот, еден малолетник употребил огнено оружје, а во пукотницата во пределот на ногата е повреден друг малолетник.
— nista od saradnje (@rekapitulacija) October 24, 2024
Според неофицијални информации, како што пренесуваат босанските медиуми, се работи за конфликт меѓу малолетниците.
Се претпоставува дека детето што го употребило оружјето не е ученик во училиштето, во чиј двор се случила пукотницата.
Пред училиштето од утрово се наоѓаат полициски екипи, како и единици на итната медицинска помош.
