Според Ројтерс, ако смртта на Синвар е потврдена, тоа би претставувало голем поттик за израелската армија и премиерот Бенјамин Нетанјаху, по неколкуте атентати на високи непријателски лидери во последниве месеци
Убиен е Јахја Синвар, лидерот на Хамас за време на израелска воена операција, потврди денеска израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац во порака што ја испрати до неколку светски шефови на дипломатиите.

„Масовниот убиец што е одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври е убиен од војниците на ИДФ“,
велат од кабинетот на Кац.
Според него, тоа е големо воено и морално достигнување за Израел, но и победа за целиот солободен свет против злобната оска на радикалниот ислам предводена од Иран.
Со убиството на лидерот на Хамас, како што рече Кац, се создава можност да се извлечат заложниците и да се создаде Газа ослободена од Хамас и од иранската контрола.
Преку писмото до неговите колеги, Кац посочува дека сега на Израел му е потребна поддршка повеќе од кога било.
Синвар се смета за главен архитект на нападот на Израел од 7 октомври 2023 година, со кој започна војната во Газа. Именуван е за лидер на Хамас по убиството на тогашниот водач Исмаил Ханије во Техеран во август.
Според Ројтерс, ако смртта на Синвар е потврдена, тоа би претставувало голем поттик за израелската армија и премиерот Бенјамин Нетанјаху, по неколкуте атентати на високи непријателски лидери во последниве месеци.