Организацијата е основана во 1956 година од преживеаните од нападите со атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година
Јапонската организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки „Нихон Хиданкјо“ е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир, за нејзниот активизам против нуклеарното оружје.

Организацијата е основана во 1956 година од преживеаните од нападите со атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, што го донесе крајот на Втората светска војна.
Јорген Ватне Фрејднес, претседател на Нобеловиот комитет во Осло ги пофали „необичните напори“ на организацијата во борбата за свет без нуклеарно оружје.
Претседавачот на јапонската организација Тошијуки Мимаки, во моментот на објавата се наоѓаше во Градското собрание на Хирошима и со солзи во очите ја прими веста.
„Никогаш не сонував дека вакво нешто може да се случи“,
изјави тој.
Ја критикува идејата дека нуклеарното оружје служи за одржување на светскиот мир.
„Нуклеарното оружје може да го користат и терористите“,
рече Мимаки.
„Нихон Хиданкјо“ е добитник на Нобеловата награда за мир како предупредување од разорните конфликти ширум светот, посебно на Блиски Исток, Украина и Судан.
За разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, основачот Алфред Нобел со декрет одлучи за наградата за мир да одлучува и да ја доделува петчлениот норвешки комитет во Осло.
Нобеловата награда за мир се смета за најважната светска награда за достигнувања во разоружувањето, зачувувањето на мирот и човековите права.
