Следниот период нѐ очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во северните и источнитее делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер“,
се вели во соопштението од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, пак, попладне ќе има повремен дожд и ретки грмежи.
„Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 25 степени“,
информираат синоптичарите.
Следниот период нѐ очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината.
