Заемот беше договорен кон средината на јули годинава од страна на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега Виктор Орбан за време на нивната средба на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска е во работна посета на Унгарија каде што и официјално, во име на Владата, ќе го потпише договорот за заемот од Унгарската експорт-импорт банка.
Заемот е во износ од 500 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години, со три години грејс период и каматна стапка од 3,25 отсто. Средствата треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата.
Денешното потпишување на договорот следува откако по усвојување на Законот за задолжување кај Унгарската експорт-импорт банка во македонското Собрание на 17 септември годинава.
Заемот беше договорен кон средината на јули годинава од страна на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега Виктор Орбан за време на нивната средба на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.
Половина од средствата од позајмицата, односно 250 милиони евра, ќе бидат наменети за капитални проекти во општините, а другата половина за директна поддршка за македонската економија, односно заеми за компаниите.